Македонец уапсен во Загреб по инцидент во авион – девојче (15) тврди дека ја допирал

Драма се случила на меѓународен лет за Загреб, откако 61-годишен државјанин на Македонија бил уапсен под сомнение за сексуално вознемирување на 15-годишно девојче.
Девојчето, кое патувало само, во еден момент тивко ја повикало стјуардесата и ѝ го покажало екранот од својот мобилен телефон.
На него напишало порака: „Многу се плашам од овој човек, можете ли некако да ми помогнете?“
Стјуардесата реагирала присебно и без да предизвика сомнеж кај осомничениот, ѝ кажала на девојката дека ќе ѝ покаже каде се наоѓа тоалетот.
Наместо тоа, ја одвела до пилотската кабина, каде малолетничката раскажала што се случувало.
Според нејзината изјава, постар маж кој седел до неа почнал непримерно да ја допира уште за време на полетувањето, преправајќи се дека ѝ помага да го врзе безбедносниот појас.
Случајот на крајот резултирал со апсење на 61-годишниот македонски државјанин, а надлежните органи презеле понатамошни мерки.






