„Ер Србија“ ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје: Од октомври ќе се лета двапати дневно
Српскиот национален авиопревозник „Ер Србија“ во текот на претстојната зимска сезона ќе го зголеми бројот на летови на линијата Белград – Скопје на вкупно 14 ротации неделно, пренесува специјализираниот ваздухопловен портал „Екс Ју авијација“.

Со овој чекор, авиокомпанијата воведува двојна дневна услуга за поврзување на двата главни града.
„Авиокомпанијата минатата недела закажа 14 летови неделно меѓу двата главни града од 25 октомври, што резултираше со двојна дневна услуга. Ревидираниот распоред претставува зголемување од првично планираните единаесет неделни ротации, како и од десетте неделни услуги што се вршеа во текот на претходната зимска сезона“, пишува „Екс Ју авијација“.
Според најавите, сите предвидени летови на оваа релација ќе се реализираат со турбопропелерски авиони од типот ATR72-600






