Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и засилен ветер
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и засилен ветер

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од земјава, а според последните радарски податоци, најизразена е облачноста во северозападните и западните предели.
Нестабилна облачна маса е регистрирана во регионот на Гостивар, како и во планинските предели северозападно од Струга и западно од Крушево. Облачноста е проследена со засилен ветер, грмежи и дожд.
Нестабилност има и во источниот дел од земјава, со послаба облачна маса регистрирана јужно од Делчево.
Радарските снимки покажуваат дека атмосферската нестабилност во моментов е локално изразена, со можност за врнежи и грмежи во погодените подрачја.






