(Видео) Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста

Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес – конференција побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да објави како биле потрошени средствата за прославата на независноста и кои компании добиле пари. Кузеска, на прес-конференција обвини дека за прославата биле потрошени повеќе од пет милиони евра преку АД „Државна лотарија“.

Кузеска обвини дека Мицкоски претходно тврдел оти за прославата биле потрошени „0 денари“, а сега, како што рече, е потврдено дека биле издвоени милиони евра народни пари.

Од СДСМ бараат да се објави кои компании ги добиле средствата, според кои критериуми биле избрани, како била составена тричлената комисија во АД „Државна лотарија“ која одлучувала за изборот на фирма за прославата и колкави биле исплатите за ангажираните лица.

Кузеска постави и прашање за составот на комисијата, посочувајќи дека нејзиниот претседател, според неа, истовремено бил автор на оркестрациите и аранжманите за концертот.

Од СДСМ бараат да се објави и колку средства биле издвоени за провизии и други трошоци, како и целосната документација за исплатите.

„Граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што“, порача Кузеска.

Back to top button
Close