Опожарени над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари
Дваесетина дуќани со текстилна и друга стока изгореа во пожар што избувна рано изутрината во трговски центар во Шуто Оризари. Нема повредени лица, а пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје – соопшти МВР.

– Околу 3.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари биле опожарени над 20 дуќани со текстилна и друга стока, сопственост на С. С., кој ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се наведува во соопштението.
Од ЦУК претходно информираа дека интервенирале 15 пожарникари и шест противпожарни возила, кои го гаснеле пожарот од 3.30 до 6.45 часот






