Антропол: Дано, баџанакот на Мицкоски, гради луксузна куќа од два милиони евра

До Антропол стигнаа информации и слики од луксузната куќа која ја гради баџанакот на премиерот и се шпекулира дека објектот ќе располага со базени и други луксузни содржина. Изградбата на куќата повторно го актуелизира прашањето за имотот, бизнисите и начинот на кој се стекнува богатството на блиски луѓе до актуелната власт.

 

Токму за Јорданчо Јанев – Дано, во јавноста проструија информации поради кои се поставуваат прашања за неговите бизнис-активности, врските со државните и локалните институции и неговата наводна поврзаност со владејачката партија како баџанак на премиерот Мицкоски.

Претходно во јавноста излегоа инфомрации дека „Шалом-Фуд Груп“, компанија за која се тврди дека е во сопственост на Јанев, добила еден од првите тендери во Општина Струмица по промената на локалната власт. Според информациите, станувало збор за договор за свечен ручек платен од општинскиот буџет.

Особено внимание во јавноста доби и фактот што Јанев бил и донатор на кампањата на ДПМНЕ со 20.000 евра, што партијата го поврзува со прашањата за неговите деловни релации со институциите.

Во јавноста со месеци прострујуваат прашања за „бизнис-империјата“ на Дано

Јавноста се дознава дека Јанев има повеќе компании во Струмица, меѓу кои ги наведуваат „Дано-транс“ и „Интерпласт груп“, но се отвораа и прашања за негови бизниси во Бугарија.

Јанев поседува бугарски компании кои остваруваат милионски профити во Петрич, при што во јавноста се поставува прашањето за потеклото на средствата и евентуалните врски меѓу неговите компании, политичкото финансирање и јавните договори.

„Дали преку бугарски фирми во сопственост на фамилијата на премиерот се изнесуваат криминално заработени пари?“, прашуваше тогаш Левица, барајќи институциите и обвинителството да ги проверат наводите.

Најновото соопштение на Левица повторно го враќа Јанев во фокусот, овојпат преку случајот со новоформираната агенција за обезбедување „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“ ДООЕЛ.

Од партијата наведуваат дека компанијата е основана на 7 април 2026 година, со Горан Филиповиќ како управител, а тврдат дека само четири месеци подоцна била ангажирана за обезбедување на „Астерфест“ во Струмица.

Левица побара МВР, Комората за приватно обезбедување, Општина Струмица и организаторите на фестивалот да ја објават документацијата за ангажманот.

Меѓу прашањата што ги поставува партијата се: кога „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“ добила дозвола за работа, со кои лиценцирани работници ги исполнувала законските услови и кој ја ангажирал компанијата за фестивалот.

Левица, исто така, тврди дека не ја пронашла компанијата на јавно објавената листа на агенции-членки на Комората за приватно обезбедување.

Дали Дано има врска со „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“?

Во најновото соопштение Левица поставува и директно прашање: дали Јорданчо Јанев има директна или индиректна улога во „ЛИНК-СЕКЈУРИТИ“, нејзиното финансирање, обезбедувањето клиенти или воспоставувањето деловни контакти?

Партијата нагласува дека располага со информации кои, според нив, отвораат прашања за евентуална поврзаност на овој бизнис-круг со новата агенција, но во соопштението не објавува докази со кои би ја потврдила таквата поврзаност.
Токму затоа Левица бара институциите да ја објават целокупната документација.

Од тендери и донации до куќа од два милиони евра

Новата куќа на Дано, за која се шпекулира дека вреди околу два милиони евра, сега ја става во центарот на вниманието целата низа прашања што јавноста си ги поставува веќе подолг период.

Претходно се отвораа прашања за неговите компании, донациите кон ДПМНЕ, договорите со локалните институции и бизнисите во Бугарија, а сега се бараат одговори и за новата агенција за обезбедување.

Клучното прашање што останува е едноставно: од каде потекнуваат средствата со кои се гради имотот вреден околу два милиони евра и дали институциите ќе проверат дали постои поврзаност меѓу имотот, бизнисите на Дано и неговите односи со власта?

Back to top button
Close