Прегазена 51 годишна велосипедистка во Прилеп

МВР информира дека вчера наутро во 08.25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. „Мирче Ацев“ со ул. „Трајко Тарцан“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки управувано од В.Т.(72) од Прилеп удрило во велосипедист К.Д.(51) од Прилеп.

По несреќата велосипедистката била пренесена во Градска болница Прилеп каде од страна на доктор констатирани и биле тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Back to top button
Close