Уапсен e тетовец, ја претепа партнерката од Филипини

Педесет и едногодишен жител на тетовското село Раковец е уапсен по пријава дека физички ја нападна жената со која живее во заеднички стан во Тетово.

Според информациите од полицијата, вчера, во 23:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ш.А.(51).

Претходно, Р.А.(46) од Филипини, со привремен престој во Крушево, пријавила дека на 1 септември, по кратка расправија, Ш.А. физички ја нападнал во нивниот заеднички стан во Тетово и ѝ нанел телесна повреда.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close