Трамп: Обединувањето на Ирска секако ќе се случи во одреден момент

Претседателот на САД – Доналд Трамп денеска, за време на посетата на Даблин, изјави дека би сакал да види обединета Ирска, изразувајќи уверување дека обединувањето секако ќе се случи во одреден момент.
– Не сакам да правам проблеми, но ќе ви кажам дека би сакал да ја видам обединета. Имам пријатели на двете страни, прекрасни луѓе. Мислам дека тоа би било голем успех за сите доколку се случи. Тоа на крајот сепак ќе се случи – рече Трамп во Даблин, каде што се сретна со ирскиот премиер Микеал Мартин.
Според Трамп, обединувањето би можело да се случи и сега.
– Разговараме за тоа, а овде го имате вистинскиот човек кој може да го покрене тоа. Секако, Обединетото Кралство ќе има што да каже за тоа. Но мислам дека тоа би била одлична работа. Како би можело тоа да биде лошо? – додаде американскиот претседател.
Во изјавата пред самата посета, Мартин рече дека со Трамп ќе разговара за бројни прашања од заеднички интерес и повторно ќе ги потврди силните економски и културни врски, како и врските меѓу луѓето, меѓу Ирска и САД.
Како што е најавено, американскиот претседател ќе се сретне со ирски официјални лица и со амбасадорот на САД во Ирска, а ќе присуствува и на турнирот „Ајриш опен“ на својот терен за голф во Данбег.
Република Ирска е независна држава и членка на ЕУ, додека Северна Ирска е дел од Обединетото Кралство.






