МЗ побара од ДЗСИ да спроведе надзор како се псотапувало во случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска
Министерството за здравство побарало од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот со медицинската сестра Љубица Шавреска.

-Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска, поврзани со третманот што го добила во текот на бременоста, пред нејзината бременост трагично да заврши со загуба на плодот. Свесни за тежината на искуството на пациентката и со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности, Министерството веднаш иницираше барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување надзор над постапувањето на здравствените установи и медицинскиот персонал вклучени во случајот – соопшти МЗ.
По спроведениот вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, Министерството за здравство најави дека ќе формира комисија за стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во лекувањето на пациентката.
-Министерството за здравство ќе постапи исклучиво професионално, врз основа на утврдени факти и стручни наоди. Доколку во постапката на инспекциски надзор се утврдат евентуални пропусти во постапувањето, Министерството ќе постапи целосно согласно важечките законски прописи – велат оттаму.
Министерството додава дека останува посветено на обезбедување квалитетна и достапна здравствена заштита за секоја пациентка, а особено во случаи со висок ризик, каков што е случајот на бременост со компликации.





