ВМРО-ДПМНЕ: СДС со двојни стандарди, молк за модуларната болница во Тетово и груба политичка злоупотреба на трагедијата во Кочани

СДС нема никаков морален кредибилитет да држи лекции за одговорност и правда, додека нема одговорни и никој не одговара за трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 луѓе. СДС е партија со двојни стандарди, партија чиј претседател е амнестиран за модуларната болница, каде живи изгореа 14 луѓе, преку корумпираното судство на судии и обвинители кои се избрани во Зајас и Струмица, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Венко Филипче, како тогашен министер за здравство, носи политичка одговорност за системот во чие време се случи трагедијата. Одговорност за секој пропуст, секој договор и секоја одлука мора да има, додека Филипче енормно се богатеше и профитираше за време на кризата.

СДС да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички поени и да престане со двојните стандарди.Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има. Време е да се стави крај на партиските послушници во правосудството на СДС и ДУИ, кои го штитат криминалот на СДС, Заев, Филипче и останатите блиски до кланот Заеви.

Правдата не смее да биде селективна. Правдата мора да важи подеднакво за сите.

Back to top button
Close