Удри во бетонска ограда возејќи пијан – полицијата му го одзеде автомобилот
Полицајци ноќеска приведоа 30-годишен државјанин на Албанија, откако со автомобил удри во заштитна бетонска ограда, а при алкотестирање му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
Рано утринава во 1:35 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид уапсен е Ј.Ј.(30) од Република Албанија.

Тој претходно, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, удри во заштитната бетонска ограда меѓу двете коловозни ленти.
По насоки на јавен обвинител, одземено е и возилото, а против него ќе биде поднесена кривична пријава.






