Власта ја утна прогнозата: Наместо во 2026, велешани ќе добијат нов мост во 2028?!
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при една работната посета на општина Велес, истакна дека ЈП за државни патишта работи на решението за изградба на нов мост кај Башино село, еден од влезовите во Велес.

“Изградбата на нов мост кај Башино село ни е изборно ветување. Во моментов ЈП за државни патишта работи на проектирање на нов мост и со буџетот за следната година очекувам да се избере изведувач кој ќе го изгради овој мост како капитален објект кој е потребен на општина Велес. Стариот мост не може да се реконструира и затоа е потребно изградба на нов мост”, истака министерот Николоски.
После две години од неговата изјава, влезот кон Велес нема нов мост. Ниту имаше буџетирање за 2025, ниту за 2026 година, а според последните информации мостот ќе почне да се гради најрано во вториот квартал на 2027 година.
„Во однос на изградба на нов мост на река Вардар кај Башино село ве известуваме дека рокот за проектирање е до 03.12.2026 година. По изработка на проектот, вадењето на сите неопходни дозволи и обезбедувањето на финансиски средства ќе се пристапи кон јавна набавка за изградба на новиот мост“, информирале од Јавното претпријатие за државни патишта за „Фокус“.
Ветувањето на Николоски се уште не е остварено, но барем ЈПДП успеа навреме да го санира стариот мост за колку толку Велес да не остане само со два влеза во градот кои сепак не се наменети за движење на тешки товарни возила
…






