До сабота стабилно време, од понеделник дожд
До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.






