Избувнал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП на постојка во Центар
Пожар избувнал во задниот дел од автобус на ЈСП додека се наоѓал на автобуска постојка на подрачјето на Центар. Во инцидентот нема повредени, а сите патници безбедно го напуштиле автобусот.

Од МВР информираат дека на 15 септември 2026 година околу 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Центар избувнал пожар во задниот дел на автобус на ЈСП.
Пожарот бил изгаснат од возачот и од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
Нема повредени лица, а сите патници навреме и безбедно се симнале од автобусот






