(ВИДЕО) Власта има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, а нема пари за субвенции за производителите на јаболка
Изјава за медиуми, Борче Ристевски – советник, ОО СДСМ Ресен

Незадоволството кај јаболкопроизводителите е поголемо од кога било. Нашите луѓе не бараат привилегии. Тие бараат само нешто што им следува, она што им е ветено и што го имаат заслужено со макотрпна работа.
До денес власта на арамијата Мицкоски ги остави неисплатени средствата за откупеното јаболко за 2024 година, по 2 денари по килограм. Сè уште не се поделени ниту картичките за зелена нафта кој земјоделците ги добиваат кон крајот на август или почетокот на септември.
Не се исплатени ниту средствата за регистрираните земјоделци. Исто така, цената на индустриското јаболко е мизерни 4 денари.
Е тоа е политиката на власта. Има 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, а за земјоделците нема пари, нема мерки и нема никаква грижа. Во меѓувреме производителите плаќаат изгор скапо гориво, наводнување, препарати, електрична енергија, работна сила и секојдневни трошоци. Секоја нова сезона носи нови обврски, а старите остануваат неисполнети.
Затоа овој пат очекуваме да не слушаме нови ветувања, туку конкретни одговори и акции. Кога ќе бидат исплатени средствата?
Кога ќе бидат поделени картичките за зелена нафта?
Кога институциите конечно ќе покажат дека го ценат трудот на луѓето кои го одржуваат во живот најпознатиот земјоделски производ од Преспа?
Надлежните не треба да бегаат од средба со земјоделците и не треба да се плашат од мирното, но сè поголемо незадоволство. Напротив, треба да се соочат и со укажувањата и реалните проблеми и да понудат решение.
Преспанските производители на јаболка не заслужуваат да бидат занемарувани.
Не заслужуваат постојано да чекаат додека нивните трошоци растат, а нивните приходи се неизвесни. Тие заслужуваат почит и навремена поддршка од институциите.
Сега е ред Владата да си ја плати својата обврска кон нив.






