Струмичките пожарникари по пријава на родители „спасувале“ малолетно девојче од стан на четврти кат кое неколку часови не се јавувало

Интервенираа пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица на улицата „4 Јули“, откако родители побараа помош бидејќи не можеа да стапат во контакт со своето малолетно девојче.
Тоа неколку часа не одговарало на телефонските повици, а не реагирало ниту кога ѕвонеле на вратата од станот на четвртиот кат.
Пожарникарите пристигнале со авто-скала и преку неа се искачиле до терасата. Оттаму успеале да овозможат отворање на вратата и влегле во станот.
Новвнатре наместо опасност, сосема неочекувана глетка.
„Девојчето беше безбедно и едноставно спиеше во длабок сон, не слушајќи ги ниту телефонските повици, ниту ѕвонењето на вратата“, објавија струмичките пожарникари.






