Осудениот доктор Мухамед Асани за три дена треба да се јави во струшкиот затвор од отворен вид
Гинекологот и поранешен директор на Општата болница Струга, Мухамед Асани, кој уште во април правосилно е осуден на казна затвор од три години, зашто на родилката Јалдз Веапоска од Дебар ѝ ги извади матката, јајчникот и бубрегот при царски рез, побарал да му се одложи издржувањето на затворската казна. Од Управата за извршување на санкциите за „Слободен печат“ велат дека тој треба да се јави на извршување казна затвор во КПД од отворен вид во Струга на 20 септември, поточно за три дена од денес.


Согласно добиените информации од Казнено поправната установа, Ве известуваме дека на правосилно осудениот доктор Мухамед Асани, од страна на судот му е одобрено одлагање на издржување на затворската казна до 19.9.2026 година. Согласно определениот рок, тој треба да се јави на издржување на казна затвор во КПД од отворен вид во Струга на 20.9.2026 година, изјави за „Слободен печат“ Тамара Анастасовска од Управата за извршување на санкциите.
Апелациониот суд Битола ја одби неговата жалба и ја потврди затворската казна за тешки дела против здравјето на луѓето. Исто така, Апелациониот суд за гинекологот Асани ја потврди и споредната санкција – пет години забрана да врши професија, дејност или должност лекар.
…






