Лула и Болсонаро изедначени во евентуален втор круг од претседателските избори во Бразил

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва и сенаторот Флавио Болсонаро се статистички изедначени во евентуален втор круг од претседателските избори, додека Лула го зголеми своето водство во првиот круг, покажаа две анкети објавени денеска.
Според истражувањето на агенцијата „Квест“ (Quest), Лула и Болсонаро би добиле по 42 проценти од гласовите во вториот круг на 25 октомври, објавуваат британските медиуми.
Една недела претходно, Болсонаро имаше 42 проценти, а Лула 41 процент.
Во првиот круг, закажан за 4 октомври, според истата анкета, Лула би освоил 39 проценти од гласовите, а Болсонаро 34 проценти.
Претходно, тие имаа 37 и 33 проценти, соодветно.
Втората анкета, спроведена од BTG Paktual и Nexus, покажува малку поинаков баланс на моќ во вториот круг – Лула би освоил 46 проценти, а Болсонаро 44 проценти од гласовите.
Во првиот круг, Лула би добил 42 проценти, а Болсонаро 37 проценти.
Анкетата на „Квест“ опфати 2.004 испитаници, додека анкетата на „Нексус“ беше спроведена на примерок од 2.000 лица.
Во двата случаи, маргината на грешка е два процентни поени






