Кузеска: Мицкоски во опозиција беше против рудникот во Иловица, а сега е „за“
Двајца Мицкоски, еден од опозиција, вториот на власт. Како што седна во фотелјата така ги смени ставовите, стои во соопштението од денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ – Богданка Кузеска.

Вели „во 2023, додека беше опозиција, Мицкоски беше против отворање на рудникот Иловица и зборуваше дека „се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион“. Најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот. Во 2026 Мицкоски е премиер. Сега ги смени ставовите, влезе во целосна распродажба на земјата, водата, рудата. Сега 5 нови рудници турка да се отворат“.
„Противниците на антимонот вли дека „ќе налетаат на тврд орев“ и дека „нема повлекување“. Прашањето е просто: ако во 2023 здравјето на луѓето вредеше повеќе од рудник, зошто истиот принцип не важи за антимонот денес? Во 21 век не можат чиста и здрава вода да обезбедат. Не можат да го решат проблемот со фекалиите во водата. 11 недели нема извештај за водата во Гостивар, 50 населени места се со загадена вода, за Лепенец и Вардар нема одговорност. Има ли некој што верува дека антимонот нема да заврши во водата? Концесиите за Иловица ги даде ВМРО во 2012 и 2013. Мицкоски тогаш беше во кругот на Груевски“ рече Кузеска.
Подвлече „Во опозиција се прави заштитник. На власт го впишува рудникот во просторниот план до 2040. На масата не е интересот на граѓаните од тој регион, не е здравјето. Провизијата е. Исто како што во опозиција ветуваше враќање на името, промена на Преспанскиот договор, подобра преговарачка рамка. Дојде на власт. Преспанскиот стана ремек-дело. Името остана. Нема двајца Мицкоски. Има еден арамија






