Грејната сезона започнува на 15 октомври
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека грејната сезона 2026/2027 година официјално ќе започне на 15 октомври 2026 година и ќе трае до 15 април 2027 година.

Сепак, греењето може да започне и порано, од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или пониска од 12 степени Целзиусови. Грејната сезона, пак, може да трае најдоцна до 30 април.
Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории да обезбеди температура од 20 степени Целзиусови, со дозволено отстапување од еден степен, во периодот од 06:00 до 22:00 часот.
Од РКЕ ги потсетуваат заедниците на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите, како и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници.
Целта е да се обезбедат услови грејната сезона да започне и да се одвива без проблеми






