Нетанјаху тужи три медиумски куќи и шест новинари

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски компании и шестмина новинари во Израел, поради известувањата дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, но во тоа време не презел ништо во врска со тоа.

Наводите содржани во книгата првично беа објавени од двајца новинари на израелскиот весник „Харец“, по што и други медиуми пишуваа за нив, пренесува „Џерусалим пост“.

Тужбата на Нетанјаху се однесува на весниците „Харец“ и „Једиот Ахронот“, порталот „Вајнет“ (Ynet) и телевизискиот канал 12, а меѓу тужените се и двајца новинари од „Харец“.

Тужбата се однесува на две наводни предупредувања.

Според првото, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, кон крајот на септември 2023 година го предупредил Нетанјаху дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, подготвува голема операција.

Второто се однесува на тогашниот шеф на египетската разузнавачка служба, Абас Камел, кој наводно лично го предупредил израелскиот премиер непосредно пред нападот.

Back to top button
Close