Вашингтон негира какво било масовно повлекување на американските сили од Европа


Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, денеска негираше наводи за масовно повлекување на 25.000 до 40.000 војници од Европа.

„Таквите информации се лажни“, рече Витакер на конференцијата за одбрана организирана од мрежата Euronews во Брисел, додавајќи дека „планот на Пентагон сè уште не е финализиран“.

Американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си повикувајќи се на неименувани американски претставници, објави кон средината на септември дека Вашингтон има намера да повлече до 40.000 војници од Европа. Вашингтон спроведува преглед на своето воено присуство за да се осигури дека НАТО се движи брзо и неповратно кон Европа, преземајќи ја примарната одговорност за својата конвенционална одбрана, јави медиумот.

Викатер денеска се обиде да ги увери европските сојузници.

„Постојано изјавуваме дека ќе останеме посветени на Европа“, рече тој.

Back to top button
Close