Фон дер Лајен: Велика Британија да го почитува договорот
– Велика Британија мора да го почитува својот договор за повлекување од ЕУ, ако сака да има договор за идните односи со Унијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Таа ова го напиша на Твитер откако во медиумите се појавија написи дека британската Влада планира да ги смени клучните делови од договорот за излез на Велика Британија од ЕУ.
– Верувам дека британската Влада ќе го спроведе договорот за повлекување, обврска дадена според меѓународното право и предуслов за секоe идно партнерство, напиша таа.
Фон дер Лајен додаде дека протоколот за Ирска и Северна Ирска е клучен за зачувување на мирот и стабилноста, како и на интегритетот на слободниот пазар.