Гутереш повика на мирна иднина за Израелците и Палестинците во пресрет на годишнината од нападот на Хамас

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, повика на мирна иднина за Израелците и Палестинците во пресрет на третата годишнина од нападот на милитантната организација Хамас врз Израел, извршен на 7 октомври 2023 година.

“Нека оваа годишнина не биде само уште една година на жалост, туку и знак на обновена решителност да се изгради поинаква иднина“, рече Гутереш во Њујорк.

Тој истакна дека Израелците и Палестинците треба да можат „да живеат едни покрај други во мир и безбедност, со остварување на нивните права, достоинство и стремежи“.

„Овие ужаси никогаш не смеат да се повторат“, нагласи генералниот секретар на ОН.

На 7 октомври 2023 година, Хамас и други вооружени групи убија повеќе од 1.200 Израелци и странски државјани и киднапираа 251 лице, кои ги одведоа во Појасот Газа.

Израел реагираше со воена интервенција Газа, во која оттогаш се убиени повеќе од 74 илјади Палестинци, според податоците на здравствените власти во Газа, под контрола на Хамас.

Од октомври минатата година прогласено е примирје во Појасот Газа, но смртоносните напади продолжуваат.

Back to top button
Close