Вреди: Од каде му се 335.000 евра на Груби за да плати за пасошот?

ВРЕДИ бара надлежните институции да проверат чија сопственост е недвижниот имот вреден 335.707 евра што одбраната на Артан Груби го понуди како гаранција и на кој начин е стекнат.

Од партијата велат дека станува збор за значителна сума и бараат да се утврди потеклото на имотот, како и дали тој е во сопственост на поранешниот вицепремиер или на друго лице.

 

„Граѓаните знаат колку години се работи за еден покрив над глава. Затоа оваа сума боде очи. Народот врзува крај со крај, а само за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса. Ако имотот е негов, толку ли има заштедено од функционерска плата?“, прашуваат од ВРЕДИ.

Партијата го поврзува случајот со поранешното политичко дејствување и јавните функции на Груби и потсетува дека тој се најде и на американската црна листа поради наводи за корупција и мешање во правосудството.

Од ВРЕДИ бараат институциите да ги проверат сите околности околу понудената гаранција и оценуваат дека случајот повторно го отвора прашањето за имотот и одговорноста на поранешните функционери.

Имотната состојба на Груби беше предмет на проверки и во 2023 година, кога Антикорупциската комисија постапуваше по обвинувања на тогашната опозиција дека членови на неговото семејство купувале станови во Скопје по поволни цени.

Back to top button
Close