Градот нема механизација за да ги отстрани корењата од паднатите дрвја во Градски парк

По повеќе од два месеца откако Скопје го погоди силно невреме со оркански ветар кој откорна стотици дрвја низ градот, конечно е расчистен Градскиот парк од паднатите стебла и гранки, а низ него можат да се забележат само останати огромни корења од некогашните дрвја.

Причината поради која се отстранети сите паднати дрвја, но не и корењата, е тоа што Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ не располагаат со соодветна механизација со кои можат да ги тргнат.

Ова го обелодени градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на последната седница на Советот посветена на советнички прашања.

Има корења за кои немаме соодветна механизација да ги отстраниме. Во постапка е обезбедување дел од механизација што ќе може да ги отстрани од тие места, а останатите ќе бидат адаптирани за потребите на дечињата, ќе бидат едно украсување на паркот – рече градоначалникот.

Но, сега иако исчистен, паркот во делот кај езерцата сепак изгледа жално. Тревата е сосема пожолтена уште од летото, недостасуваат дрвјата што паднаа од невремето, а нови сѐ уште не се засадени.

…

Повеќе

Back to top button
Close