ОКС Скопје не смее да ја коментира првостепената пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечен ресторан“
– Основниот кривичен суд Скопје, се со цел да не нашетети на евентуалната жалбена постапка на која имаат право незадоволните страни, не може и не смее да коментира првостепена- неправосилна пресуда, соопштија од ОКС Скопје, мислејќи на последната пресуда за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“.
– Целосно неетеички е во јавноста од одредени субјекти да се коментира и злоупотребува првостепена-неправосилна пресуда која во иднина може да биде преиначена во делот на казната, а непрофесионално и незаконски би било судот да коментира пресуда на судија поединец кој е независен во своето постапување, велат од Кривичен суд.
Но, од таму истакнуваат дека заради јавниот интерес и транспарентно и отчетно работење за кое се залага судот, ја информираат јавноста дека според фактите изнесени на јавна расправа, станува збор за кривично правен – предмет за кој Јавниот обвинител утврдил дека постојат сомневања за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по чл. 300 ст.4 вв со чл.297 ст.3 вв со ст.1 односно сторено од Небрежност, а не со умисла.
– На главната расправа 63 – годишниот обвинети В.Ч. ја признал вината, а Судот, заради тоа, не навлегувајќи во утврдување на фактичката состојба и врз основа на сите олеснителни и отежителни околности изрекол осудителна пресуда. Притоа оштетените биле присутни при изведување на завршните зборови и изрекување на пресудата, појаснуваат од Кривичен.
Според нив јавноста мора да знае дека судот постапува по обвинителни предлози и акти доставени од истрага и квалификација која ја води и утврдува Јавниот обвинител и носи пресуди во рамки на пропишаните казни во Кривичниот законик, притоа водејќи сметка на сите околности.
– Судот во ваков случај не може да смени или преквалификува кривично дело ниту може да излезе од рамките на пропишаната казна, велат од Судот.
Наместо коментари и кфалификации на првостепена-неправосилна пресуда, експертската и стручната јавност потребно е да се осврне на оредбите од Кривичниот законик и висината на пропишаните казни со кои се регулираат оваа проблематика, посочуват од Крвичен.