Вo недела санација на оштетената пешачка ограда на мостот „Близнак
Вo недела на 11 октомври ќе се врши санација на оштетена заштитна пешачка ограда на мостот „Близнак“ на булеварот „Киро Глигоров“ што ги дели општините Аеродром и Гази Баба.

Работните активности, како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе се одвиваат од 6 до 8 часот наутро, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот АСНОМ во насока кон населбата Аеродром.
Ќе биде затворена крајната лева сообраќајна лента која ќе биде обележана со соодветна сообраќајна сигнализација за насочување на учесниците во сообраќајот.
Другата сообраќајна лента во насока на движење останува слободна за непречено одвивање на сообраќајот.
Се апелира до возачите да бидат трпеливи до завршување на работните активности и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.





