Алијанса за Албанците: Да не се повторуваат грешките со запоставувањето на Албанците во историјата на Скопското кале

Алијанса за Албанците ги поддржува инвестициите за реставрација и промоција на културното наследство на Скопското кале, но бара новите музеи да обезбедат целосна двојазичност и научно засновано претставување на историјата.

Од партијата оценуваат дека не треба да се повторат практиките од изминатите 24 години, кога, според нив, албанскиот јазик често бил запоставуван, а историските настани биле претставувани еднострано.

Алијанса за Албанците бара двојазичноста да биде целосно почитувана во називите, информативните табли, описите на експонатите, промотивните материјали и дигиталните содржини. Истовремено, бара историјата и археолошките наоди да бидат претставени врз научна основа, без искривувања и присвојувања, со особено внимание на употребената терминологија.

Партијата бара и непосредно вклучување на албанските историчари и археолози во процесот на одлучување, од утврдувањето на музејскиот концепт до проверката на содржините.

Алијанса за Албанците ја повика ВЛЕН активно да се вклучи во процесот уште сега, нагласувајќи дека евентуалните пропусти треба да се спречат пред завршувањето на проектот.

„Скопското кале е заедничко наследство и како такво треба да биде претставено“, порачуваат од партијата, посочувајќи ја и важноста на проектот во пресрет на Скопје 2028, кога градот треба да биде Европска престолнина на културата.

Back to top button
Close