„И јас сум затекнат дека Михајлова ја преминала границата“, вели адвокатот Рауфи

 

Ива Михаилова од Кочани, која се изјаснува со бугарска самосвест и ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици, ја напуштила Македонија и преминала во Бугарија без одобрение од судот. Иако претходно се чекаше доаѓање на бугарски медицински тим поради нејзината здравствена состојба, таа границата ја поминала во придружба на нејзиниот бугарски адвокат, Николај Димитров.

Македонскиот адвокат Насер Рауфи за весникот „Вечер“ ја потврди информацијата и вели дека е затечен.

„И јас сум изненаден. Утринава ме известија дека ја преминала границата. Судска дозвола немаше, а токму подготвувавме ново барање откако од МНР најавија доаѓање на лекари од Бугарија за нејзин преглед. Очекувам судењето да продолжи во нејзино отсуство, каде што треба да сведочи нашиот сообраќаен вештак. Претпоставувам дека оваа одлука ја донела во договор со колегата од Бугарија“, изјави Рауфи за „Вечер“.

Во изјава за БТВ, Михаилова наведува дека решила да замине во Бугарија поради сериозно влошената здравствена состојба.

 

Back to top button
Close