Солскјер има 3 цели до крајот на трансфер прозорецот
– Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер постави три трансфер цели до крајот на летниот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ пред неколку дена ги обезбедија услугите на холандскиот офанзивен играч за врска Дони Ван де Бик, кој беше првото и единствено досега засилување во тимот.
Преговорите меѓу Јунајтед за евентуално регрутирање на Џејден Санчо од Борусија Дортмунд не напредуваат многу брзо, а во моментов гигантот бара алтернативи. Една од нив е sвездата на Борнмут, Дејвид Брукс, кој, сепак, се очекува да чини над 40 милиони фунти.
Солскјер исто така сака да ја засили позицијата лев бек, а опција е 21-годишниот бек на Динамо Киев, Виталиј Миколенко. Друга опција е дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон.