Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
Министерството за внатрешни работи спроведува координирана полициска акција на територијата на целата држава, насочена кон сузбивање на криминал поврзан со дрога и оружје.

Од МВР за МИА инфиормираа дека акцијата ја реализира Одделот за криминалистичка полиција во содејство со секторите за внатрешни работи низ државата.
Од Министерството посочуваат дека по завршувањето на акцијата ќе бидат соопштени повеќе детали и информации за преземените активности и резултатите од полициското постапување.






