Левица: По скандалот со Македониумот Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директорка

Соопштение на Левица

‼️По скандалот со издавањето на Македониумот за само 500 евра за снимање музички спот и оставката на Миха Оџаклиески, во НУ „Историски музеј“ – Крушево се отвора ново прашање: дали и оваа установа ќе продолжи да се третира како партиски плен на ЗНАМ, наместо како институција што треба да го чува и да го презентира македонското историско и културно наследство?

📌Според информациите што ги добивме, Даниела Стоиловска, кадар на ЗНАМ, била примена во Историскиот музеј на работното место архивар, а сега, по оставката на Миха Оџаклиески, се подготвува теренот таа да биде назначена за в.д. директор. Решение за нејзино назначување засега нема, но се поставува прашањето дали партиската припадност повторно ќе биде пресудна за тоа кој ќе раководи со установата.

⚠️Особено е важно јавноста да ја види постапката за нејзиното вработување. Во објавениот оглас, 409/2026 од 20 јуни годинава, за работното место архивар се предвидуваат образовни услови што вклучуваат средно образование. Значи, станува збор за вработување на административно работно место, а сега, според дојавите, истото лице се подготвува за раководна позиција во институција што управува со исклучително значајно историско наследство.

🚨До нас пристигна и дојава дека Стоиловска наводно се обидува да обезбеди диплома од Факултетот за туризам при Универзитетот „Скопје“ на Аце Миленковски, односно дека постои сомнеж оти таква диплома можеби веќе поседува. Токму затоа, доколку се разгледува нејзино назначување за в.д. директор, надлежните институции треба да ги проверат нејзините образовни квалификации и автентичноста на документацијата. Секој сомнеж за стекнување диплома на нерегуларен начин мора да се расчисти со докази, а не со партиски врски и неформални договори.

🔴Во меѓувреме, состојбата со музеите и спомен-куќите во Крушево е поразителна. Музејот на Илинден со години е затворен, леарницата не работи, а Музејот на НОВ е во катастрофална состојба и не е достапен за редовните посетители. И други музејски поставки и спомен-куќи со години не функционираат како што би требало, па туристите често не можат да ги посетат кога ќе пристигнат во градот.

📣За посета на дел од овие објекти е потребна претходна најава. Дека ова не е изолиран случај потврдуваат и бројни туристички водичи, кои однапред договараат во кое време да биде отворен одреден музеј или спомен-куќа за да можат организираните групи да ја посетат поставката.

🗣️По аферата со Македониумот, редно е да се провери кој управува со музејското наследство, зошто значајни објекти се затворени или достапни само со најава и дали кадровските решенија во установата се носат според стручноста или според партиската припадност? И уште повеќе, ако по оставката Миха Оџаклиески навистина ја подготвува за назначување неговата сопартијка Даниела Стоиловска, јавноста има право да знае врз основа на кои критериуми се прави тоа.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close