Втор смртен случај од Ковид-19 во Делчево

– Втор смртен случај од Ковид-19 во Делчево. Втората жртва на коронавирус е 86-годишен пациент кој починал, откако по позитивниот тест неодамна бил примен и лекуван во болнички услови.

-Пациентот пред тестот имаше влошена здравствена слика, поради што мораше да биде препратен на болничко лекување. За жал се што можеме да изјавиме во врска со тоа е да упатиме сочувство до семејството на починатиот наш сограѓанин, истакнаа здравствените надлежни.

Ова е втор смртен случај од почетокот на пандемијата. Првиот беше регистриран во месец мај оваа година.

Во Делчево денес е регистриран еден нов случај на Ковид-19, што е драстично намалување од претходните два дена кога заедно со Македонска Каменица имаше вкупно 20 новозаболени.

Во околните градови Берово и Пехчево денеска се регистрирани осум оздравени пациенти, додека нема нови позитивни на коронавирус. вс/вј/

Back to top button
Close