Милер: Би постигнувал по 45 поени по меч во денешната НБА
Реџи Милер своевремено важеше за еден од најдобрите стрелци во НБА. Соодветно на тоа, тој беше играчот на кој најмногу се концентрираше одбраната на противничките тимови. Сепак, дури и честата гранитна одбрана на ривалот не го спречуваше да предизвика „дожд од кошеви“.
Тој знаеше како да направи вистински потоп со удари зад линијата за три поени, со процент на успех кој, кога стави крај на својата кариера, изнесуваше неверојатни 39,5 проценти. И во ера кога одбраните имаа многу помалку пукнатини отколку денес, во време кога судиите знаеја да пуштат игра со повеќе контакт.
Но што е со денес?
– Ако овие правила беа во 90-тите … да не можете да ми сметате при мојот удар, добро, јас би постигнувал 45 поени по натпревар, изјави Милер за „ТНТ“.
Легендарниот играч на Индијана и жител на Куќата на славните во Спрингфилд не е далеку од вистината…