Маж е тешко повреден додека чекал лифт во болницата во Гостивар
МВР информира дека вчера во 18:10 часот, во ОВР Гостивар, 59-годишник од Гостивар пријавил дека околу 13:00 часот, во Медицинскиот центар во Гостивар, се здобил со тешка телесна повреда.

Според пријавеното, додека тој чекал лифт во подрумските простории, вработен во болницата кој туркал количка со медицинска опрема, и покрај упатените предупредувања, продолжил да се движи и со тркалото од количката го заглавил и му нанесол повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот






