Трамп изјави дека Украина мора да сака да стави крај на војната
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина да постигне договор за завршување на војната со Русија.

– Украина мора да сака да ја заврши оваа војна – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба.
– Зеленски мора да сака да ја заврши оваа војна, а доколку тоа не е случај, сè ќе заврши многу лошо – предупреди американскиот претседател.
Претставникот на Трамп, Стив Виткоф, вчера престојуваше во Осло, каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да се стави крај на четиригодишната војна.
Трамп навести дека Русија има предност во борбата бидејќи, како што рече, „Русија е голема машина — тие едноставно продолжуваат да напредуваат и тоа е она што го прават“.
– Зазедоа многу голем дел од територијата – додаде американскиот претседател.






