Можеби ќе ве интересира
Close
Екипите на Територијалната

противпожарна единица (ТППЕ) Струмица вчера интервенирале двапати, во попладневните и во ноќните часови. Интервенциите продолжиле и денеска, кога пожарникарите-спасители уште во раните утрински часови повторно излегле на терен со цел локализирање и целосно гаснење на пожарот.
Според информациите од градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, во текот на денот се очекува да започнат активности за расчистување и потрупување на депонијата со соодветна механизација. Овие активности треба да помогнат во справувањето со пожарот и да го намалат ризикот од негово повторно разгорување.