Рации во Нови Сад во врска со изборите вo недела

На територијата на Нови Сад во тек е акција за апсење на група за која се сомнева дека „планирала нереди на денот на изборите“, дознава Радио-телевизија Србија (РТС).

Како што наведува РТС, во одвоена акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, уапсен е и М.А. од Врњачка Бања.

Се сомнева дека групата планирала „околу 80 луѓе на 25 октомври да дојдат во Белград и да предизвикуваат нереди“.

Вo недела во Србија се одржуваат вонредни парламентарни избори на кои се избираат 250 претставници во Народното собрание, според пропорционален систем и со една изборна единица

Back to top button
Close