Работник почина од струен удар во Кондово

38-годишен маж од Студеничани го загубил животот откако добил струен удар додека работел на куќа во изградба во скопското село Кондово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 14:00 часот, во СВР Скопје.

„Во село Кондово, скопско, М.Б. (38) од с. Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал“, информираат од МВР.

Смртта била констатирана од лекар на Итната медицинска помош.

На местото на настанот бил извршен увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Надлежните институции работат на утврдување на околностите под кои се случила трагедијата.

Back to top button
Close