Вархеји и Палмер разговараа за помирување меѓу Србија и Косово

 Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји соопшти дека денеска разговарал со високиот американски претставник Метју Палмер во Берлин за економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово.

Вархеји рече дека разговарал со Палмер, специјален пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, за „взаемниот ефект на договорите потпишани во Вашингтон и работата на ЕУ“ на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.

„Разгледавме како да работиме на имплементација со цел унапредување на економскиот развој и помирувањето меѓу Србија и Косово“, напиша Вархеји на Твитер.

Back to top button
Close