Кремљ: Подготвени сме да преговараме со Украина за крај на војната
Советникот на Кремљ за надворешна политика, Јуриј Ушаков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин на средбата со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф истакнал дека Москва е подготвена следниот месец да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон за завршување на војната во Украина.
– Нов круг трилатерални преговори во кои би учествувале Русија, САД и Украина би можеле да се одржат во Абу Даби во ноември, истакна Ушаков.
Тој додаде наведе дека новиот круг преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршување на конфликтот“.
На средбата Виткоф го информирал Путин за вчерашната негова средба во Осло со украинскиот претседател Володимир Зеленски, премиерот на Норвешка и претседателот на Финска.
Виткоф укажа на некои нови пристапи и нови елементи во ставовите на Европејците и на Киев, иако тие не содржеле многу што било корисно за решавање на украинската криза, посочи Ушаков.
Тој додаде дека Путин и Виткоф на речиси тричасовната средба разговарале и за спроведување на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво.
Тие разговарале и за кризата во Иран.
Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер, истакна Ушаков.
Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.






