Трамп одржа прес конференција по повод Денот на трудот во САД

Во САД денеска е празник, Денот на трудот, и по овој повод претседателот Доналд Трамп одржа брифинг за новинарите во Белата куќа.

Акцентот во неговото воведно обраќање беше ставен на економските успеси на неговата Администрација кои „не можеле да бидат постигнати без работниците“. Тој им се заблагодари на сите работници во САД и ги истакна подобрувањата на пазарот на трудот.

Трамп ги истакна успесите во борбата со пандемијата на Ковид-19, истакнувајќи дека вакцина против новиот коронавирус ќе биде создадена за рекордно време.

Тој укажа и на успесите во дерегулација на економијата со намалување на административните пречки во водењето бизнис.

Со оглед на економските односи меѓу САД и Кина, американскиот претседател уште еднаш ги искритикува политиките на претходните администрации во однос на ова.

Под критика падна и претседателскиот кандидат од Демократската партија, Џо Бајден.

Брифингот Трамп го најави изутринава на Твитер.

-Организирам денеска прес конференција по повод Денот на трудот, напиша тој.

-Бројот на работните места и обновата на економската активност изгледаат одлично, додаде тој.

Денот на трудот во САД се слави од 28 јуни 1894 година кога Конгресот го изгласал за федерален празник и неработен ден. Посветен е на американските работници а поврзано со историјата на рабтничките движења во САД.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close