Обезбедувањето на претседателката на бугарскиот парламент турна новинарка на земја – барања за оставки
Сериозен инцидент во Софија предизвика остри реакции во бугарската јавност, откако припадник на Националната служба за обезбедување (НСО) ја турна на земја новинарката Соња Колтуклиева, која се обидувала да ѝ постави прашање на претседателката на бугарското Народно собрание, Михаела Доцова, објави 4news.mk Новинарката завршила во болница, а опозициски партии побараа политичка одговорност и оставки.

Инцидентот се случил вечерта на 22 октомври пред седиштето на партијата „Прогресивна Бугарија“ во Софија, непосредно по прес-конференција на премиерот Румен Радев.
На видеоснимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како Колтуклиева се приближува до службениот автомобил во кој веќе се наоѓала претседателката на парламентот и ја отвора задната врата, обидувајќи се да ѝ постави прашање.
Во тој момент интервенира припадник на обезбедувањето, кој силно ја турка новинарката. Таа паѓа на грб на тротоарот и останува неподвижна, додека службеното возило со Доцова го напушта местото на инцидентот.
Според информациите на бугарската bTV, Колтуклиева била пренесена во Военномедицинската академија во Софија со повреда на главата и рамото. По извршените медицински прегледи била пуштена на домашно лекување, а потоа дала исказ пред военото обвинителство.
Националната служба за обезбедување соопшти дека наредила итна и детална проверка на постапувањето на своите припадници. Од службата нагласија дека ќе бидат преземени строги мерки доколку се утврди дека употребената сила не била соодветна на ситуацијата, но истовремено потсетија на законската обврска за заштита на лицата што ги обезбедуваат
…






