СМРТ ПОД СОМНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ: Маж пронајден мртов во Скопје – можно е да станува збор за убиство
Шеесет и двегодишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, а на неговото тело биле забележани траги на насилство.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера (22 октомври) во 18:40 часот во СВР Скопје.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекар констатирал смрт кај С.Ј. (62), со видливи траги на насилство.
Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои настапила смртта.






