Трамп гласаше во Флорида во пресрет на американските избори на средината на мандатот

– Американскиот претседател Доналд Трамп гласаше во пресрет на американските избори на средината на неговиот мандат кои се одржуваат на 3 ноември, посетувајќи го гласачко место во Флорида заедно со првата дама Меланија Трамп.

Претседателот гласаше лично во Вест Палм Бич, недалеку од неговиот имот Мар-а-Лаго, каде што го поминува викендот. По гласањето, Трамп стави налепница „Јас гласав“ на својот костум.

Критичарите претходно истакнаа дека Трамп гласал по пошта, и покрај неговото противење на таквото гласање.

Во пресрет на изборите кои се одржуваат на средината на неговиот мандат, Трамп се залагаше за построги правила за гласање по пошта, тврдејќи дека промените ќе помогнат во спречувањето на изборни измами. Критичарите го обвинуваат дека се обидува да ја ослабне поддршката за опозициските демократи, чии гласачи традиционално ја користат опцијата за гласање по пошта почесто.

Изборите ќе одредат кој ќе има контрола над Конгресот во текот на последните две години од претседателскиот мандат на Трамп. Републиканците на Трамп се надеваат дека ќе го одбранат тесното мнозинства во двата дома на Конгресот. Анкетите покажуваат дека демократите имаат добри шанси да ја преземат контролата врз Претставничкиот дом. Се смета дека во Сенатот ќе биде тешко да се дојде до промена на власта, имајќи предвид дека се избираат само една третина од местата, но промената на контролата и натаму е можна.

Back to top button
Close