(ВИДЕО) Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски – пуштен е да работи за ВМРО

СДСМ бара обвинителството веднаш да испита зошто осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор. Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара, изјави на прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор, се вели во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално.

Осудениот С.З. познат како Симе не е во затвор.

Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава.

Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски.

Со години  е во друштво на арамијата на обиколки по терен.

Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.

Цела Македонија го видео како пука со калашников.  Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме.

ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк.

Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата.

Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски.

Одговорност нема.

Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац.

Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница.

Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков.

Заштита на криминалци што работат за бандата.

СДСМ бара обвинителството веднаш да испит:

Зошто Симе не е во затвор?

Кој го пушти?

Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!

Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!

 

Back to top button
Close