Зеленски: Србија испишува нова страница во историјата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска им ја честиташе победата на опозицијата на предвремените парламентарни избори во Србија, истакнувајќи оти Србија отвора нова страница во историјата на земјата и нејзиниот народ.

– Во Србија се случија промени, победа на Студентска листа и ова е очигледно нова страница во историјата на земјата и народот. Ѝ посакуваме на Србија успех, вистински развој и топли односи со европската заедница, наведе Зеленски на платформата Икс.

Тој и се заблагодари на Србија за нејзиното почитување кон украинскиот народ и држава, кон украинската независност.

Подготвени сме да продолжиме да ја зајакнуваме нашата соработка и нека се остварат сите надежи на народот на Србија, посочи Зеленски.

Back to top button
Close