Пленковиќ му ја честиташе на Срдановиќ победата на „Студентската листа“ на изборите во Србија


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претпладнево разговараше телефонски со Илија Срдановиќ, носителот на листата „Студентите победуваат“, и му ја честиташе победата на парламентарните избори во Србија, објави загрепски „Јутарњи лист“.

Како што потврди хрватската влада, Пленковиќ им ја честиташе на Срдановиќ и на „Студентската листа“ убедливата победа над Александар Вучиќ, им посака успех и разговараше за следните чекори во формирањето на новата влада во Србија.

Хрватските власти очекуваат дека промената на владата во Србија ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете земји, кои беа сериозно нарушени за време на владеењето на Вучиќ, објавува „Јутарњи лист“.

Срдановиќ, доктор по професија и носител на „Студентската листа“, по изборната победа најави подобрување на односите со соседните земји и меѓународната заедница.

Кога беше прашан како ги оценува пораките испратени од претставниците на „Студентската листа“ по победата, хрватскиот премиер одговори дека тие биле разумни.

„Мислам дека тие мора да ги разгледаат своите проблеми и да почнат да ги решаваат“, рече Пленковиќ.

„Студентската листа“ освои апсолутно мнозинство во српскиот Парламент, со околу 140 пратенички мандати, додека Српската напредна партија освои околу 103 мандати.

Освен овие две листи, неколку малцински партии го преминаа и изборниот праг.

Back to top button
Close